Околу 1.200 вработени во Јавното претпријатие се уште ја немаат земено августовската плата. Синдикатот најавува протести доколку не се реши проблемот со платите. Директорот на Синдикатот Гоце Делчев вели дека од ЈСП не добиле одговор која е причината за доцнењето на платата на вработените веќе неколку месеци.
Рони Ќерими, вработен како возач во градскиот превоз над 10 години, вели дека постојано има доцнење на платите на вработените во ЈСП.
„Причината е затоа што две и повеќе години имаме проблеми со платите кои не ги добиваме навреме и секогаш со доцнење. Секој месец или два се случува да доцни и да не ги земаме како што треба платите“. Наше барање е дефинитивно да ни кажат кога ќе ја земеме платата бидејќи и ние имаме исплати преку банки или кредити и сме принудени на такво нешто“, rече Рони Ќерими – вработен во ЈСП.
Доколку не се реши прашањето за доцнењето на платите, синдикатот предупредува на протест на кој вработените во Јавното претпријатие ќе бидат принудени да си ги бараат правата на улица.