Home » Вработените во јавниот сектор во Словенија најавија штрајк ако не им се зголемат платите

Вработените во јавниот сектор во Словенија најавија штрајк ако не им се зголемат платите

by Журнал.мк

Синдикатите на вработените во јавниот сектор се револтирани од одлуката на владата на Јанез Јанша, која со посебен закон и во договор со синдикатот на лекарите одобри повисоки примања за речиси 7 000 лекари во јавното здравство
Словенечките синдикати на вработените во јавниот сектор се заканија со штрајк доколку владата не одговори на нивните барања до следната недела за зголемување на платите.

Претставниците на Синдикатот во преговорите со владата синоќа изјавија дека сè уште не добиле одговори на предлозите, а тоа очекуваат да го сторат најдоцна до вторник.

Тие истакнаа дека ако најдоцна до 15 февруари не добијат одговор ќе стапат во штрајк.

Синдикатите на вработените во јавниот сектор се револтирани од одлуката на владата на Јанез Јанша, која со посебен закон и во договор со синдикатот на лекарите одобри повисоки примања за речиси 7 000 лекари во јавното здравство.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More