Home » Вработените на пет државни универзитети не добиле зголемување на плата врз основа на Колективниот договор

Вработените на пет државни универзитети не добиле зголемување на плата врз основа на Колективниот договор

by Журнал.мк

Вработените на пет државни универзитети, Тетовскиот, „Мајка Тереза“, „Гоце Делчев“ во Штип, „Св .Климент Охридски“ во Битола и Универзитетот за информатички науки и технологија во Охрид, се револтирани и велат дека се дискриминирани што не добиле зголемување на плата врз основа на Колективниот договор, кој за нив не бил потпишан од страна на екс претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Џафери го потпишал колективниот договор само со Сојузот на синдикатите на Универзитетот „Св .Кирил и Методиј“, со што се овозможи зголемување на платата за 22%. Од Синдикатот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, за Алсат велат дека заедно со другите синдикати ќе ги искористат сите мерки за да го остварат своето право. Тие доставија и барање до Владата за средба со техничкиот премиер, најдоцна до сабота.

„Ќе побараме појаснување зошто дојде до ова, зошто не бевме поканети и што понатаму, ќе ги видиме сите механизми, сите правни можност и за нас да важи одлуката како за УКИМ. Беше разговарано да се обратиме до Уставниот суд, за да не опфатат со оваа одлука, потоа до комисијата за антикорупција а најрадикални форми се и протестите, штрајковите, но не би сакале да одиме со ова, поради атмосферата на изборите и да не добие целиот овој проблем политички контекст“, рече Авни Авдиу, претседател на Синдикатот на Универзитетот „Мајка Тереза“.

Синдикатите на петте универзитети бараат потпишување на колективните договори со претседателот на Собранието, Јован Митревски.

Вработените во УКИМ од овој месец ќе добијат повисоки плати во просек за околу 22%, а ретроактивно ќе им биде исплатено и покачување за јануари. Со ова започнува исполнувањето на обврската на државата која произлегува од индивидуалниот колективен договор на оваа високообразовна установа потпишан на 29.12.2022 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk