Home » (Вознемирувачки фотографии) Дете на неполни две години каснато од куче скитник на плоштадот „Магнолија“ во Битола

(Вознемирувачки фотографии) Дете на неполни две години каснато од куче скитник на плоштадот „Магнолија“ во Битола

by Журнал.мк

Детенце на возраст од една година и седум месеци е каснато на лицето од куче скитник на плоштадот „Магнолија“ во Битола. Немилиот настан се случил вчера на Велигден, после пладне, кога детенцето во присуство на повозрасното тригодишно братче и родителите си играло на скалите од споменикот Филип Втори на плоштадот „Магнолија“, кога родителите се враќале од црква. Мајката Моника, инаку американски државјанин, и детенцето е родено во САД, вели дека инцидентот се случил за миг, кога пред нејзините очи го видела кучето како го соборило детенцето на земја и му нанело тешки повреди на устата и образот. Детето веднаш е пренесено во Битолската клиничка болница каде раните се зашиени, но под силен стрес е целото семејство. Кучето било со ушна обетка.

„На ден Велигден, кога целиот народ се враќавме од црква, нешто по 12 часот и 30 минути, застанавме со дечињата кај фонтаната и споменикот на плоштадот Магнолија да си поиграат децата со останатите собрани на плоштадот. Имаше две-три кучиња околу, во еден момент кога се завртев детето ми беше на земја нападнато од кучето. Веднаш реагирав го оттргнав кучето и кога го кренав детето беше раскинато на половина од устата, во левиот образ и брадата до делот под окото. Цел народ се собра и го виде несреќниот момент“, раскажува вознемирена мајката Моника за АПЛА.мк.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk