Home » „Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

by Журнал.мк

Подгответе ги велосипедите, тротинетите, ролерките и другите еколошки превозни средства бидејќи на 2 јуни (недела) од 11 часот по осми пат ќе се одржи најмасовниот ревијален настан на тркала „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД – Скопје. Центарот на Скопје повторно ќе биде преплавен со најразлични видови превозни средства кои не ја загадуваат животната средина и нудат алтернативни опции за превоз низ градските улици, со што се поттикнуваат здрави животни навики и начин на живот. Стартот на трката е од Порта Македонија, а возењето завршува во Градскиот парк со голема забава на отворено.

Регистрацијата за ревијалниот настан „Вози право, вози здраво“ почнува денеска (20 мај). Сите што сакаат да бидат дел од настанот треба бесплатно да се регистрираат на следниот линк , со што ќе добијат стартен број со кој учествуваат во богатата лотарија.

Осмото издание на „Вози право, вози здраво“ се одржува во јубилејната година на Стопанска банка, кога се одбележуваат 80 години од нејзиното основање. Големиот јубилеј е отсликан и во наградите за лотаријата каде што ќе бидат доделени по осум награди од 10 категории: Specialized велосипеди за деца и за возрасни, Specialized заштитни кациги, тротинети, Garmin паметни часовници, ролерки, спортски ранци, хамоци, JBL слушалки и Stanley термоси. Покрај лотаријата, за учесниците ќе има организирана забава со уникатните 5+ фамилија, DJ, забавни и спортски активности, освежување и подароци – пластични шишиња, торби за велосипеди и маички.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk