39-годишен возач од скопското село Крушопек денеска е уапсен откако удрил 12-годишно девојче на булеварот „Партизански одреди“, соопшти МВР.
„Денеска (21.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Х.(39) од с.Крушопек, скопско, затоа што околу 14:30 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје, наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко возило “голф” со скопски регистарски таблички, удрил во 12-годишна малолетничка-пешак од Скопје“, велат од полицијата.
Со возило на Итната медицинска помош, девојчето е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана помош, а лекарите констатирани тешки телесни повреди.
На местото на несреќата е извршен увид од екипа на СВР Скопје, а возачот е уапсен и против него ќе биде поднесена пријава по итна постапка, додаваат од МВР.