Home » Воспитувачка ги терала децата да пушат електронски цигари

Воспитувачка ги терала децата да пушат електронски цигари

by Журнал.мк

Огромен скандал, како што пренесува Курир, се случил во детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес. Како што е пријавено, воспитувачка ги терала децата да пушат електронски цигари. Според извори на медиумот, воспитувачката со иницијали В.И. во текот на изминатите неколку недели им давала на децата да пушат електронски цигари со различни вкусови. Откако родителите дознале за овој чин веднаш реагирале, а според добиените информации, за воспитувачката веќе е покрената дисциплинска постапка.

Инаку, изминатиов период има неколку скандали поврзани со работењето на градинката „Димче Мирчев“ во Велес.

Пред неколку месеци директорката е обвинета за спорни јавни набавки, како и за лоша организација на градинката. Претходно Министерството за труд и социјална политика ги одзема ингеренциите на градинката од општината Велес и градоначалникот Марко Колев.Според изворите кои ја контактирале редакцијата на Курир, родителите ќе ги тужат и воспитувачката и градинката.

Воспитувачката била примена на работа пред неколку години кога градоначалник беше кадар на СДСМ, а во исто време од градинката беа отпуштени десетина воспитувачки со долгогодишно работно искуство во градинката.

Овој скандал е откриен откако дечињата од градинката неколку дена се жалеле на своите родители дека ги боли грло.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More