Home » Вооружен маж упаднал во болница во Загреб, лекарите се заклучиле по собите

Вооружен маж упаднал во болница во Загреб, лекарите се заклучиле по собите

by Журнал.мк

Маж со пиштол упаднал во просториите на загрепската болница КБЦ Ребро.

Како што неофицијално дознава Јутарњи лист, полицијата и интервентните единици се во процес на преговори со мажот.

Загрепската полиција денеска во 10:05 часот добила дојава за драмата во КБЦ Загреб. Од болницата била известена полицијата дека маж се заканува со оружје, за кое не се знае дали е реално или не.

Од полициската управа во Загреб за Јутарњи лист велат дека постапката е во тек и дека во моментов не можат да дадат повеќе информации.

Како што дознава Јутарњи, лекарите и другиот персонал се заклучиле во просториите заедно со пациентите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More