Home » Вонредна состојба во повеќе американски држави – најави за невреме и поплави

Вонредна состојба во повеќе американски држави – најави за невреме и поплави

by Журнал.мк

Снежна бура донесе снег и мраз во делови од САД и Канада. Откажани се илјадници летови, а електричната енергија е исклучена во некои земји на југоистокот.

Вирџинија, Џорџија, Северна и Јужна Каролина прогласија вонредна состојба, јавува Би-Би-Си.

Националната метеоролошка служба на САД (NWS) соопшти дека невремето ќе погоди поголем дел од источниот дел на САД во следните два дена и ќе донесе повеќе од 30 инчи снег во некои области.

Огромен систем на бура се приближува кон Источна Америка од Средниот Запад. Снегот и мразот може да доведат до опасност при патувањето, прекин на електричната енергија и оштетување на дрвјата, предупреди NWS.

Има и прогнози за можни поплави на крајбрежјето во некои области, вклучувајќи го градот Њујорк и делови од Конектикат, со предупредувања дека патиштата и инфраструктурата може да бидат зафатени.

Во канадската провинција Онтарио, која се граничи со државата Њујорк, канадската агенција за животна средина утринава издаде предупредувања за невреме во поголемиот дел од југот, каде се очекува снег да почне да паѓа во вечерните часови по локално време.

Се предвидува дека во Торонто, главниот град на провинцијата Онтарио и најголемиот канадски град ќе наврнат 20 сантиметри снег.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk