Во Бања Лука за денеска е најавена специјална седница на Народното собрание на Република Српска на која ќе се расправа за политичката и економската ситуација во БиХ. Српскиот член на Претседателството на БиХ и лидер на владејачкиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД)) Милорад Додик најави усвојување на закон кој предвидува затворска казна за сите оние кои РС ја нарекуваат „геноцидна креација“, а српскиот „геноциден народ“.
Според него, тоа би бил првичен чекор српските претставници да ја разгледаат можноста за враќање во институциите на БиХ, во чија работа не учествувале од крајот на јули минатата година, кога поранешниот висок претставник во БиХ Валентин Инцко воведе закон за забрана негирање на геноцидот. Најавите на Додик од опозицијата беа оценети како откажување од претходните тврдења за враќање на надлежностите на субјектите, наведувајќи дека никогаш немал намера да ги спроведе.