Home » Volvo го произведе последнoто возило со дизел мотор

Volvo го произведе последнoто возило со дизел мотор

by Lina Muslija

Со големиот XC90 кој излезе од линијата во фабриката во Торланда во Шведска, Volvo става крај на ерата на дизелот и планира да произведува исклучиво електрични возила од почетокот на 2030 година.

 

Иако глобалната побарувачка за електрични возила се намалува, во Volvo не запираат со отфрлање на застарената дизел технологија. Во 2017 година, Volvo стана првиот голем производител на автомобили кој се обврза постепено да ги укинува возилата кои имаат мотори со внатрешно согорување.

Останатите производители на автомобили стратешки не се обврзаа кога очекуваат да ги укинат моторите со внатрешно согорување, а некои и дури отстапија од претходно зацртаните цели. Mercedes-Benz минатиот месец ја отфрли својата прогноза за продажба и сега очекувањата за продажбата на возилата на батерии се помалку од половина од веќе предвидените. Кон крајот на минатата година, Ауди соопшти дека општо го намалува воведувањето на електрични возила.

XC90 на Volvo беше клучен за заживувањето на брендот започнувајќи од 2014 година, кога беше претставен како прв автомобил изграден под раководство на Ли Шуфу од кинескиот гигант Geely. Последниот дизелски XC90 нема да биде продаден, туку ќе биде изложен во новиот музеј на Volvo коj се очекува да се отвори следниот месец во Гетеборг.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk