Home » Volvo Cars забележа благ пораст на продажбата, особено во секторот на електрични возила

Volvo Cars забележа благ пораст на продажбата, особено во секторот на електрични возила

by Lina Muslija

Продажбата на Volvo Cars во септември е зголемена за еден процент на годишно ниво, односно на 62.458 автомобили, објави шведскиот производител на автомобили, нагласувајќи дека пазарот во автомобилскиот сектор се уште е нестабилен и неизвесен.

Volvo Cars, кој е во мнозинска сопственост на кинескиот Geely Holding, исто така во соопштението за печатот наведува дека вкупната продажба во Европа, најголемиот пазар за Volvo Cars, се зголемила за 23 отсто, додека продажбата во САД и Кина паднала за 22 и 16 проценти, соодветно.

„Севкупната слика на пазарот останува нестабилна и неизвесна, но ние сме охрабрени од добрите резултати во Европа, особено за нашето портфолио на електрифицирани автомобили“, рече заменик извршен директор и главен комерцијален директор Бјорн Анвол во изјавата.

Продажбата на целосно електрични и plug-in хибридни модели порасна за 43 отсто, објави Ројтерс и сочинуваше 48 отсто од сите продадени автомобили во септември, додека уделот само на целосно електрични автомобили сочинуваше околу четвртина од продадените автомобили во текот на месецот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk