Home » Volvo планира најмалку 6 нови електрични возила до 2026 година

Volvo планира најмалку 6 нови електрични возила до 2026 година

by Журнал.мк

Volvo Cars се подготвува да ги трансформира сите свои водечки модели во електрични возила и да воведе луксузен електричен MPV во обид да ја зголеми продажбата во Азија, велат луѓе запознаени со плановите на скандинавскиот производителот на автомобили…

Volvo (82% во сопственост на кинеската Zhejiang Geely Holding Group) се очекува да лансира најмалку шест нови електрични возила до 2026 година, изјавија извори за Reuters.

Volvo ја објави дека неговата цел е целата своја постава да ја направи целосно електрична до 2030 година.

Филијалата на компанијата за Австралија објави дека планира да продава само електрични возила на тој пазар од 2026 година.

Трансформацијата на Volvо следи од поголемо фокусирање на трендовите на клиентите во Азија и напорите за зголемување на продажбата таму, велат изворите, кои побараа да не бидат именувани бидејќи компанијата не објави детали.

Од сопственичката компанија Geely исто така одби да ги коментираат овие наводи.

Меѓу новите електрични автомобили планирани за следните четири години е Volvo MPV кој ќе се базира на Zeekr 009 што се продава во Кина.

Имено, Volvo ја префрли развојната работа на лимузините и иден MPV модел во својот центар за истражување и развој во Шангај, велат изворите.

Други електрични автомобили во подготовка, помеѓу другото, вклучуваат електрични верзии на crossover моделот XC60, новиот EX30, како и седаните S60 и S90.

Овие водечки автомобили ќе ги следат воспоставените, едноставни дизајнерски линии на Volvo, но новиот MPV ќе ги таргетира купувачите во Кина и другите пазари со по „емотивен“ дизајн заснован на Zeekr 009.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk