7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Volvo го претстави новото дводимензионално лого

Најчитани вести

Volvo е најновиот автомобиски производител кој го менува своето лого и присвојува поедноставена и помодерна верзија.

Ново-дизајнираното лого се одликува со дводимензионален дизајн во црна боја. Тоа е значително поминималистико од тродимензионалниот дизајн на досегашното лого, кој дури и на слики го правеше да изгледа како физичка ознака.

Иако Volvo потври дека го обновува своето лого, сепак сè уште не е јасно кога ќе започне да се користи на нивните модели. Според некои шпекулации, се збори дека шведскиот производител ќе продолжи да ја користи сегашната ознака до 2023, кога ќе се префрли на новиот дизајн.

Volvo ја користи истата форма на своето лого од 1930, иако претрпи повеќе стилски варијации низ годините. Најпознатите три верзии се користените по 2000 година, кои доаѓаа со тродизмензионален ефект и син Volvo натпис.

Повеќе автомобилски производители ги обновија своите логоа во последните 2 години. Тука спаѓаат Volkswagen, BMW, Nissan, Renault и Kia.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com