20 C
Skopje
Sunday, April 11, 2021

„Volvo“ го претстави електричното купе-кросовер „C40 Recharge“ (ФОТО/ВИДЕО)

Најчитани вести

Шведскиот производител со овој модел зачекори во нов автомобилски сегмент. Тоа е исто така првиот „Volvo“ кој е дизајниран исклучиво како електричен автомобил.

Веднаш штом објави дека од 2030-та во целост ќе се префрлат на производство на електрични автомобили, „Volvo“ тргна во реализација на овој план.

Базиран на „CMA“ механичката платформа, „C40 Recharge“ e првиот „Volvo“ направен да користи исклучиво електромотор како погонски систем.

Единствениот електричен модел досега беше „XC40 Recharge“, но тој претходно беше конструиран како возило со „SUS“ мотор, а верзијата на струја следеше подоцна.

Покрај тоа, „C40 Recharge“ е првиот купе-кросовер во понудата на брендот „Volvo“.

Предниот дел потсетува на споменатиот „XC40“, но од „B“ столбот линијата на покривот постепено се спушта кон задниот дел, обезбедувајќи карактеристична купе силуета.

Погонскиот систем се состои од два електромотори – еден напред и еден позади, кои обезбедуваат вкупна комбинирана моќ од 408 KS (300 kW), додека максималниот вртежен момент е 660 Nm.

Електричната енергија се складира во батерија со капацитет од 78 kWh, која обезбедува автономија во возењето од околу 420 km (според „WLTP“).

Од „Volvo“ велат дека батеријата може да се дополни на брз полнач до 80 проценти од својот капацитет за околу 40 минути.

Како и „XC40 Recharge“, и новиот модел има слично дизајнирана внатрешност, со два дигитални екрани, еден пред возачот кој ја менува класичната инструмент табла, и еден во средината кој е задолжен за мултимедијалниот систем, но и за некои други функции и подесувања. Тој е базиран на „Android“ и заеднички е развиен со „Google“, па на возачот на располагање му се услуги како што се „Google Maps“, „Google Assistant“ и „Google Play Store“.

„Volvo C40 Recharge“ ќе се произведува во белгискиот град Гент, во фабриката во која сега се составува и „XC40 Recharge“.

Производството треба да започне во текот на есента, а од „Volvo“ тврдат дека овој модел ќе се продава исклучиво „онлајн“.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести