Младите сакаат да волонтираат, но некој мора да ги насочи. Сметаат дека им недостасуваат информации, каде можат да се вклучат во волонтерски акции. Младите и граѓанските организации порачаа дека само со активни граѓани, може да имаме стабилно општество.
Побараа од властите да ги следат европските стандарди и волонтерството да се признае како работно искуство, а при вработување овие млади луѓе да имаат предност.
Осумнаесет годишната Бојана Николова која веќе две години е волонтер во Здружението на акцијаши-волонтери „Патот на младоста“ во Штип им учествувано во акции за пошумување, чистење на езерата и одредени локации во земјава и соседна Србија. Таа заедно со 20 тина волонтери веќе работат на едукација на своите врсници.
Волонтирањето на младите им овозможува да создаваат нови пријателства, работни навики, емпатија, како и да бидат хумани. Според истражувањата на Организацијата за афирмација на средношколците, само околу 17% од младите целосно се запознати со законските регулативи, а дури 64% сметат дека компаниите не го вреднуват волонтерството.