Home » Волонтерска противпожарна единица во Тетово – 18 млади подготвени да интервенираат во секое време

Волонтерска противпожарна единица во Тетово – 18 млади подготвени да интервенираат во секое време

by Журнал.мк

Иако работат различни работи, 18 млади станаа дел од волонтерскиот тим на противпожарната бригада во Тетово.

Тие формираа Здружението на волонтери, каде што во слободното време престојуваат во оваа единица и учат како да гаснат пожари и како да интервенираат при различни природни непогоди.

„Многу сме задоволни што нашиот град ќе има волонтерска единица и мислам дека ќе бидеме први и во Македонија. Почнуваме со работа во Полошкиот регион и задоволни сме што сме иницијатори на оваа идеја“, вели Сеад Бајрами.

Командантот на тетовската противпожарна единица вели дека целта е секое населено место да има волонтери и да бидат блиску во случај на интервенција.

„Сметавме дека е важно да организираме вакво здружение кое ќе биде голема помош за тетовските пожарникари. Ги повикуваме сите млади кои се заинтересирани да се вклучат во оваа организација за да го дадат својот придонес таму за нивната земја бидејќи и ние даваме таму каде што треба за нашата земја“, порача Авни Ахмети.

Претседателот на здружението вели дека интересот е голем и секојдневно се пријавуваат нови волонтери. Целта е во секоја населба и село да има најмалку два до три обучени волонтери.

„Волонтерите се вработени на различни места – имаме механичари, луѓе кои работат во осигурителни агенции, со паркет и ламинати, или со централно греење – но сите се заинтересирани да бидат дел од здружението“, вели Абил Абдулаи.

Тетовската противпожарна единица покрива голем регион, вклучувајќи ја општина Тетово со сите села, како и пет рурални општини во околината.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk