Home » Володин: Вашингтон стои зад апсењето на Дуров

Володин: Вашингтон стои зад апсењето на Дуров

by Журнал.мк

Претседателот на руската Дума – Вјачеслав Володин изјави дека Вашингтон стои зад апсењето на основачот на мрежата Телеграм, Павел Дуров, бидејќи на американскиот претседател Џозеф Бајден му е важно да ја стави Телеграм под контрола пред претседателските избори.

Телеграм е една од ретките и во исто време најголемите интернет платформи на кои САД немаат никакво влијание. Покрај тоа, таа работи во многу земји кои се од нивен интерес.

Во пресрет на изборите, важно е американскиот претседател да го стави Телеграм под контрола, напиша Володин токму на таа социјална мрежа.

Така, преку Франција се обидуваат да го обвинат Павел Дуров за повеќе од десет злосторства, обидувајќи се да го контролираат Телеграм на ист начин како и повеќето глобални мрежи, вели тој.

– Земјите каде што Телеграм активно работи и се развива треба да ја разберат суштината на она што се случува и да одлучат: дали сакаат Вашингтон да ја контролира и таа мрежа или нејзината работа да не биде регулирана во корист на интересите на САД – рече Володин.

Основачот на Телеграм е приведен во саботата на парискиот аеродром „Бурж“, кога излегувал од приватен авион, а обвинителството во Париз објави список од 12 кривични дела против него.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More