22.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Volkswagen Passat е најпродаван автомобил од Д-сегментот во 2020 во Европа

Најчитани вести

Д-сегментот забележа намалување на продажбата за 28% на вкупно 282,000 примероци, што ја става неговата иднина под знак прашалник.

Седан изведбите беа продадени за дури 43% помалку во однос на 2019. Поради тоа, неизвесна е иднината на наредната генерација на Passat, која се шпекулира дека ќе се произведува само во караван изведба, додека пак следната генерација на Mondeo ќе биде кросовер.

Сепак, најпродаван од автомобилите во овој сегмент беше Volkswagen Passat со продадени само 16,895 возила, пред неговиот „побратим“ Skoda Superb, кој се продаде во 16,203 примероци. На третото место се најде Peugeot 508 со продадени 12,787 возила.

Продажбата на караванските изведби се намали за 21% од минатата година. Тука го имаме повторно истиот редослед со Volkswagen Passat на првото место со 99,459 примероци, Skoda Superb на второто место со 44,531 возило, како и Peugeot 508 на третото место со продадени 16,056 автомобили.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести