14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Volkswagen ID. Buzz AD Prototype: поблизок поглед на сериската верзија

Најчитани вести

На почетокот од 2017 година, Volkswagen на салонот за автомобили во Детроит, го претстави концептот ID.Buzz, со што на јавноста јасно и стави до знаење дека ќе лансира електричен наследник на култниот Микробус.

Сериската верзија се уште не е пред нас, но со прототиоп кој деновиве можеше да се види во Минхен, Volkswagen ни го дава најдобриот можен увид во идниот електричен ван, барем засега.

Имено, ID.Buzz веќе не е само концепт, туку напредна фаза на прототип, што значи дека сега веројатно има панели на каросеријата кои ќе го красат и серискиот модел, заедно со светла и некои други детали. Сепак, сеуште има доста „камуфлирани детали“, па некои работи може јасно да се видат.

Она што веднаш може да се забележи е тоа дека прототипот значително ќе се разликува од концептот. Бидејќи тоа е првенствено комерцијално возило, кутиестата форма е едноставно наметната, а со цел да се зголеми просторот во внатрешноста на возилото. Дел од магијата на ID.Buzz дефинитивно е изгубена во меѓувреме, но да почекаме до сериската верзија…

„AD“ значи дека оваа верзија е развиена во соработка со ARGO AI, со цел усвојување високонапреден систем за автономно возење, што може да се забележи и по „техникалиите“ на покривот од возилото. Имено, овој прототип може да открие предмети што се оддалечени повеќе од 400 метри пред него.

Големиот Лидар скенер на покривот овозможува преглед од 360 степени и работи заедно со шест помали Лидар единици, 11 радарски панели, со камери, па дури и микрофони. Вградениот софтвер е доволно интелигентен за да може да ги предвиди намерите на велосипедистите, пешаците, па дури и присутните возила, дозволувајќи му на ID.Buzz да го усогласи своето однесување со дадена ситуација и да се однесува како личноста зад воланот.

ID.Buzz се тестира во урбани средини и ќе стапи во употреба во 2025 година за комерцијална употреба. MOIA, компанија за мобилност основана кон крајот на 2016 година и сопственост на Volkswagen, ќе биде првиот корисник, а Хамбург ќе биде првиот град што ќе понуди автономен превоз на услуги.

Во меѓувреме, овој електричен ван, без софистицирана технологија за самостојно возење, ќе биде пуштен во продажба кон крајот на следната година на Стариот континент, каде што ќе биде достапен во патничка верзија со шест седишта, додека товарните варијанти ќе се нудат со пократко и подолго меѓуоскино растојание.

Електричниот ван ќе се произведува во Хановер и секако ќе се потпира на модуларната MEB платформа, која претставува основа за сите ID. модели. Што се однесува до погонот, тој ќе биде на задните и на сите тркала, со подесувања во форма на еден или два електрични мотори. Посилните верзии треба да имаат приближно 300 КС, додека базниот модел ќе испорачува околу 200 коњски сили.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com