Home » Volkswagen Golf 1.5 TSI eHybrid постигна рекордна потрошувачка на гориво

Volkswagen Golf 1.5 TSI eHybrid постигна рекордна потрошувачка на гориво

by Lina Muslija

На најновиот тест за потрошувачка што го спроведе специјализираниот портал Motor1, актуелниот Volkswagen Golf 1.5 TSI eHybrid забележа извонредна просечна потрошувачка од само 1,85 литри на 100 километри. Со само еден литар бензин, Golf успеа да помине повеќе од 54 километри, што е резултат што го потврдува врвниот потенцијал на хибридната технологија на Volkswagen.

Тестирањето е спроведено по строго дефинирана и стандаризирана рута во должина од 360 километри – од Рим до Форли – со целосно наполнета батерија и полн резервоар на гориво. Овој пристап гарантира реални и споредливи резултати при секое мерење.

Срцето на Golf 1.5 TSI eHybrid е 1.5-литарскиот турбо бензинец со четири цилиндри, што развива 150 КС и работи по високо ефикасниот Милеров циклус. Комбиниран со VGT турбополнач и електромотор со 115 КС, интегриран во 6-брзински DSG менувач со двојна спојка, системската моќност достигнува 204 КС. Високиот степен на компресија (11,5:1) кај 1.5 evo2 моторот дополнително придонесува за минимална потрошувачка.

Импресивен е и податокот дека Golf поминал 158 километри само во електричен режим, поставувајќи нов рекорд во оваа класа. Батеријата од 19,7 kWh овозможила да се надмине претходниот рекорд од 118 км, кој го држеше Mercedes C 300 Estate Plug-in Hybrid. Важна улога одигра и DSG менувачот, кој овозможува оптимално користење на електричната енергија.

Golf 1.5 TSI eHybrid се покажал поефикасен и од некои од најпознатите економични модели на пазарот, вклучително и Toyota Prius и Hyundai Ioniq. Дел од успехот се должи и на аеродинамичниот дизајн – Golf 8 има најнизок коефициент на отпор во историјата на моделот, само 0,275 (за споредба, Golf 7 има 0,30).

Дополнително, возилото стандардно доаѓа со 18-инчни “Leeds” алуминиумски фелни со капаци за подобрување на протокот на воздух. Ниското тежиште карактеристично за хечбек возилата овозможува стабилност во кривини и намалена инерција.

Ова достигнување потврдува дека модерните plug-in хибриди од втора генерација – или таканаречените “суперхибриди” – можат да поминат повеќе од 100 километри во целосно електричен режим. Тоа ги прави идеални за секојдневно градско возење, со можност за полнење еднаш или двапати неделно. Дополнително, некои модели овозможуваат и DC брзо полнење.

Сепак, останува предизвикот на повисоката почетна цена – разликата во однос на бензинските верзии се движи од 4.000 до 9.000 евра. Оваа инвестиција може да се исплати само со редовно користење на електричниот режим.

Без сомнеж, Golf 1.5 TSI eHybrid претставува извонреден пример за напредокот на хибридната технологија и е доказ дека економичноста и перформансите можат да одат рака под рака.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk