Германскиот произведувач од Франкфурт официјално започнува со транзиција кон електрични автомобили, каде ќе го лансираат првиот електричен модел од „ID“ семејството „VW ID3“, а тоа ќе биде шанса и за претставување на новото лого кое треба да симболизира доаѓање на нова електрична ера за Volkswagen .
Како што велат од овој автомобилски гигант, новото лого ќе биде по смело и шарено во однос на актуелното, но не се очекува да има драстични промени во структурата на дизајнот. Најверојатно и новото лого ќе биде комбинација од буквите „V“ и „W“.
Кон почетокот на 2020-та година, новото лого ќе биде презентирано и за глобалниот базар и ќе биде користено во 171 земја т.е. секаде каде што „Volkswagen“ е присутен на пазарот.