Volkswagen нема да се откаже од својата култна GTI ознака, а според информациите следната година треба да пристигне ID.3 GTI со 340 КС
Volkswagen јасно дава до знаење дека GTI значката нема да биде заборавена во транзицијата кон електрични возила. По претставувањето на ID. GTI Concept на саемот во Минхен во 2023 година, германскиот производител сега се подготвува за нов електричен спортски модел – ID.3 GTI.
Над ID.3 GTX, но не и радикално помоќен
Според информациите на Auto Motor und Sport, ID.3 GTI ќе биде позициониран над ID.3 GTX Performance, кој има батерија од 79 kWh и електромотор со 322 КС (240 kW / 326 PS) и 545 Nm вртежен момент. GTX моделот забрзува од 0 до 100 km/h за 5,7 секунди и има WLTP домет до 602 километри.
Новиот ID.3 GTI, според наводите, ќе пристигне во 2026 година и ќе има заден погон, за разлика од некои други GTX модели. Интересно е што не се очекува значително зголемување на моќноста – предвидувањата се дека ќе има околу 335 КС (250 kW / 340 PS).
Подесено шасија за повисока агилност
Иако разликата во моќност е минимална, фокусот кај ID.3 GTI ќе биде ставен на агилноста и динамиката во возење. Се очекуваат значителни измени во шасијата, управувањето и суспензијата, кои ќе овозможат подобро ракување и спортско чувство зад воланот. Можна е и имплементација на адаптивниот DCC систем, како и дополнителни технички доработки кои ќе ја засилат спортската ДНК на GTI.
Дизајн инспириран од GTI традицијата
ID.3 GTI најверојатно ќе добие и визуелни елементи препознатливи за GTI моделите – спортски браници, црвени акценти, посебни алуминиумски фелни и детали кои ќе ја одделат оваа верзија од останатите во ID.3 семејството. Веќе постоечкиот ID.3 GTX Performance има модифицирано управување и суспензија, што ќе послужи како основа за уште побрза и поагилна GTI верзија.
Цени над Golf GTI
Новата GTI верзија најверојатно ќе има повисока цена, имајќи предвид дека ID.3 GTX Performance започнува од €48.725 во Германија, додека стандардниот Golf GTI започнува од €45.655, а GTI Clubsport од €49.225. Тоа значи дека идниот ID.3 GTI ќе се позиционира како премиум опција за љубителите на спортско возење во електрично пакување.