12 C
Skopje
Saturday, February 27, 2021

Volkswagen со SUV концептот ID.Next го потврди првиот електричен модел за кинескиот пазар

Најчитани вести

Германски Volkswagen останува фокусиран на многу важниот кинески пазар, а сега овој бренд и официјално ги најави своите амбиции и процесот на електрификација кој е посебно важен во оваа азиска земја.

За 2020 година е планирана продажба од околу 300.000 електрифицирани автомобили на најголемиот светски пазар, за до 2025 година, пласманот на годишно ниво да достигне 1 милион примероци. За таа цел, до 2023 година е предвидено да бидат промовирани дури 10 електрични модели поставени на MEB платформата, додека веќе следната година во понудата ќе бидат 10 електрифицирани модели од актуелната понуда на Volkswagen.

Првиот член на електричното ID. семејство кој ќе биде понуден во Кина ќе биде SUV модел, чија основа е концептот ID.Next и за кој се очекува да биде главен адут на Volkswagen во почетниот период од електрифицираната офанзива. Кросоверот беше делумно прикажан на Саемот во Франкфурт, за сега во Гвангжу да биде промовиран како класичен концепт кој најавува атрактивен изглед на новиот ID. член.

Почетокот на производството на овој електричен SUV се очекува на крајот на 2020 година, а Германците ќе го произведуваат и веќе промовираниот ID.3 во новата фабрика на SAIC Volkswagen во Антинг. Истовремено, производството на ID.3 за европскиот пазар започнува во понеделник во фабриката во Цвикау.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести