20.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Volkswagen сака да стане лидер на ЕВ пазарот до 2025

Најчитани вести

Volkswagen групацијата неодамна ги сподели своите најнови планови кога станува збор за електричната офанзива, а еден од нив е да стане лидер во ЕВ сегментот

За време на последната годишна средба, групацијата Volkswagen јавно ја истакна својата цел да стане лидер на ЕВ пазарот до 2025 година. Според најавите, автомобилскиот конгломерат има за цел да достигне до 1 милион продадени електрични возила во 2021 година, а до 2030 електричните возила да заземаат 60 проценти од продажбата, пренесува Automotive News.

Volkswagen прави максимални напори за процесот на трансформација кон електричната мобилност максимално да се забрза, а доказ за тоа е токму и амбициозната цел од 1 милион продадени електрични автомобили. VW во Европа во 2020 година успеале да достават нешто повеќе од 315.000 батериски автомобили, така што потребно е драстично зголемување на продажбата, за да се достигне до проектираните милион нови ЕВ. Сето тоа треба да биде остварено со почеток на продажбата на неколку ЕВ модели на групацијата како што се Q4 e-Tron, Škoda Enyaq iV, Cupra el-Born, како и Volkswagen ID.4, со што присуството на конгломератот во ЕВ сегментот значително ќе се зголеми.

Важна улога во сето ова ќе одигра и фактот дека групацијата подготвува нови ќелии за батериите, како и тоа дека во иднина ќе се намали зависноста од добавувачите на батерии, бидејќи ќе ги произведуваат сами во шест нови фабрики на европско тло.

Нова, единствена платформа за сите модели

Исто така, повеќето нови електрични возила на Volkswagen групацијата ќе споделуваат една единечна платформа, што е потврдено од страна на производителот. Херберт Дис откри дека престојната Scalable Systems Platform (SSP) евентуално ќе ги замени постоечките MEB и PPE архитектури, почнувајќи со Project Artemis од Audi кој треба да биде лансиран во 2024 или 2025.

Новата платформа се развива преку Project Trinity на Volkswagen, на која ќе биде поставен и електричниот седан во 2026. Дис исто така додаде дека платформата ќе овозможи и поголема економичност во производството, а SSP архитектурата ќе биде базирана на технологијата на MEB и PPE платформите.

Volkswagen EB

„SSP платформата ќе ги замени постоечките платформи на долг период. Стартот ќе почне со Artemis во 2024 или 2025. Го земаме она што го имаме со MEB и ќе имаме унапредување на потрошувачката и стандардизација на батеријата, кои одат рака под рака со новата електрична архитектура овозможувајќи поголема компјутерска моќ во возилата. SSP на крајот ќе стане ‘рбетот на групацијата“, изјави Дис.

27 модели од VW групацијата ќе ја користат MEB платформата до крајот на следната година, а последниот модел базиран на PPE платформата развиена од Audi и Porsche ќе биде целосно електричниот Macan.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести