17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Volkswagen почна со изградба на фабрика за електрични автомобили во Кина

Најчитани вести

Групацијата Volkswagen веќе започна со изградба на нова фабрика во Кина, која ќе биде наменета исклучиво за производство на електрични автомобили.

Volkswagen Анхуи ќе биде трета фабрика на германскиот концерн на кинеска територија, таму ќе бидат произведувани моделите базирани на MEB платформата, а се очекува изградбата да заврши во вториот дел на 2022 година.

Германците истакнуваат дека уште од почетокот фабриката ќе користи „зелена енергија“, што се вклопува во концептот за целосна декарбонизација на производствените локации.

– Со оглед на фактот што Кина е најголем пазар за електрични автомобили, мораме да ја засили локалната присутност, а фабриката Анхуи ќе биде важен елемент во тие напори, – вели Штефан Веленштајн, CEO на Volkswagen во Кина.

Новата фабрика ќе биде изградена на површина од 500.000 квадратни метри, а до 2025 година ќе бидат отворени најмалку 500 работни места.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести