11 C
Skopje
Wednesday, March 3, 2021

Volkswagen подготвува нов моќен ЕВ наречен Trinity

Најчитани вести

Извршниот директор на Volkswagen Ралф Брандштетер откри дека производителот планира да лансира целосно нов електричен автомобил

Плановите на Volkswagen за електрификација се прилично амбициозни за во блиска иднина, а најнов проект на германскиот производител е нов, врвен електричен автомобил со висока и напредна технологија наречен Trinity. Ова го потврди и извршниот директор на германскиот бренд Ралф Брандштатер, кој го најави претставувањето за во 2026 година.

Со оглед на тoa дека остануваат уште неколку години додека да биде лансиран автомобилот, Volkswagen останува таинствен. Сепак, вети дека автомобилот ќе има три нови главни елементи, како што назначува и самото име. Тоа значи нова архитектура која ќе пристигне со радикално нов производствен пристап и автономно возење.

„Го преземаме водството со електрична платформа со рамен панел, со што ќе се оформи новиот ‘рбет на нашата компанија. Тука е и Level 2+ автономното возење, како и целосно вмрежувачки производствен процес“, истакна Брандштетер. Според него, новиот модел на компанијата се очекува да биде новиот водач во иновациите на VW. Според најавите, германската компанија сака да постави и нови стандарди кога станува збор за автономијата на движење, полнечката брзина и дигитализацијата на новите електрични возила. Оттаму се очекува и Volkswagen Trinity да виде најавата за нова ера во германскиот бренд.

Според германски Automobilewoche, новиот електричен автомобил ќе биде базиран на Audi Project Artemis. Jalopnik, пак, смета дека ќе биде еволуција на MEB архитектурата.

Како и да е, Volkswagen ќе го произведува Trinity во својата главна фабрика во Волфсбург и се очекува да прави околу 300.000 единици годишно. Тоа е навистина мал број, со оглед на тоа дека Volkswagen прави околу 700.000 возила годишно во оваа фабрика. Производителот исто така потврди дека и електричен автомобил со димензиите на Polo наскоро ќе пристигне. Малиот ЕВ ќе се нарекува ID.1 или ID.2, а брендот се чини дека таргетира цена од околу 20.000 евра.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести