Манчестер Сити минута низ тежок период, најтежок во ерата на Пеп Гвардиола, ситуација на која не се навикнати ниту во клубот, ниту пак пошироката фудбалска јавност.
„Граѓаните“ немаат забележано победа во ниту едно натпреварување од 26 октомври кога беше совладан Саутемптон со минимални 1-0, односно на претходните седум средби загуби дури шестпати од кои последниот негативен резултат беше забележан вчера во дербито со Ливерпул (2-0).
Ова се специфични времиња за Сити, па капитенот Кајл Вокер се огласи и испрати директна порака до фановите.
-Знаеме дека нашите неодамнешни настапи не беа на стандардите што ги очекуваме и свесни сме дека беше тешко. Ама ние сме ги поминале овие предизвици претходно, заедно, ќе го надминеме и овој. Важно е сите да останеме заедно како еден клуб, како Манчестер Сити низ оваа тежок период. Вашата поддршка, без разлика дали во добри или во тешките моменти, ни значи се.
-Освоивме титули во последните натпревари од сезоната и испишавме историја со рекордна кампања од 100 поени, сè до последниот удар. Покажавме одново и одново дека можеме да одговориме на предизвикот и ќе го сториме тоа повторно. Ви ветувам, ќе се бориме до самиот крај, -порача Вокер.