Home » Водата тешко се пробива до повисоките делови во Општината – ново лето, стар проблем за Стар Дојран

Водата тешко се пробива до повисоките делови во Општината – ново лето, стар проблем за Стар Дојран

by Журнал.мк

На просечна дневна температура од 35 степени целсиусови жителите од високите места во Стар Дојран се останати без вода. Проблемот трае два дена, а на жештините дојранци се снаоѓаат како знаат и умеат. Ова е редовен проблем во текот на летото, па некои жители и се шегуваат дека се навиканти да живеат со вакви принудни рестрикции.

„Проблемот не бил дефект“, вели градоначалникот на Дојран, Анго Ангов. Тој објаснува дека високите места тешко се снабдуваат со вода, бидејќи резервоарите се ниско поставени, па испумпувањето вода е предизвик, но намалени се и количините подземни води.

Општината најавува дека ќе го санираат проблемот најмногу за два дена, па до следниот викенд за кога се очекуваат повеќе гости градот ќе има вода.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More