Откако во текот на вчерашниот ден во градот Скопје немаше вода, денеска од Водовод и канализација велат дека по добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење.
-Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, со што констатиравме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.