Бројот на загинати во катастрофалните поплави во Шпанија се искачи на најмалку 95, додека десетици луѓе се водат како исчезнати, соопштија денеска властите. Шпанската влада прогласи тридневна жалост за жртвите.
Повеќето од загинатите, дури 92, се во провинцијата Валенсија, а на социјалните мрежи се појави видео од драматичното спасување на една жена од нејзината куќа. Жената била заробена во водата во нејзината дрвена куќа во Утиел.
Таа цело време ги држела своите миленици со себе додека чекала помош.
На снимката се гледа како спасувач слегува од хеликоптерот на јаже и доаѓа да и помогне на жената.
Жената носеше мало куче во рацете и држеше нешто што изгледаше како носач на мачки:
Жената му ја подаде раката на спасувачот додека водата стигна до нивните грла. Таа и сите нејзини миленици биле прикачени на јаже, по што хеликоптерот ги собрал и ги однел. Видеото предизвика ентузијазам кај корисниците на социјалните мрежи.
https://x.com/maricelfreire/status/1851617560690634924?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1851617560690634924%7Ctwgr%5Ea7d3423fd0521b48496e56eb7fd90933276481ec%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmms.mk%2F377454%2F