Home » Во земјите од Балканот извршена првата терави молитва по повод почетокот на месецот Рамазан

Во земјите од Балканот извршена првата терави молитва по повод почетокот на месецот Рамазан

by Журнал.мк

Муслиманските верници од земјите на Балканот ја извршија првата терави молитва (терави намаз) по повод почетокот на светиот месец Рамазан, месецот на постот, јавува Анадолу.

Голем број верници во Скопје, Тирана, Приштина, Призрен, Сараево и други градови од регионот се собраа во џамиите за терави намазот.

– Северна Македонија –

Мустафа-пашината џамија во Скопје, како и сите други џамии во Северна Македонија, беше преполна со муслимански верници за првата терави молитва.

Дел од верниците, по исполнувањето на внатрешноста на џамијата, клањаа во дворот.

– Косово –

Големата џамија во Приштина, „Султан Мехмет Фатих“ вечерва беше полна со верници кои дојдоа специјално за јациската и терави молитвата.

Инаку, Исламската заедница на Косово одлучи терави молитвата да се клања во одредено време во текот на Рамазан оваа година, односно два часа по ифтарот.

– Албанија –

Првата терави молитва, со која се одбележува почетокот на светиот месец Рамазан, е извршена и во Албанија.

Голем број верници се собраа во џамијата Намазѓа во Тирана, каде за првпат се клања терави намаз, откако оваа џамија минатата година ја отвори турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Терави молитвата се клањаше и во други џамии низ Тирана и други градови во Албанија.

– Сараево –

Голем број верници се собраа и во џамиите низ Босна и Херцеговина, а посебно во историската Гази Хусрев-бегова џамија, за првиот терави намаз годинава.

Молитвата се изврши и во Бајракли џамијата, единствената џамија во Белград, како и во други градови со муслимански жители во Србија, Црна Гора и Хрватска.

Оваа година Рамазан почнува утре, на 1 март, а завршува во сабота на 29 март. Светиот месец завршува со празнувањето на Рамазан Бајрам.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk