На 23.10.2024 во 20.04 часот во СВР Штип било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Штип била пронајдена прашкаста материја, марихуана и таблети.
Во врска со настанот, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија на дрога и оружје при СВР Штип извршиле службен разговор со Г.П.(36) од Куманово и В.Б.(41) од Св.Николе, кои издржувале затворски казни во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.