Home » Во Владата денеска разговори за јавнообвинителската и судската служба

Во Владата денеска разговори за јавнообвинителската и судската служба

by Журнал.мк

Во Владата денеска треба да се одржат разговори меѓу владини претставници и репрезентативниот Синдикат на УПОЗ. На средбата ќе се разговара за проблемите во јавнообвинителската и во судската служба.

Во изминатиот период, вработените протестираа барајќи зголемување на платата за 78 проценти и враќање на додатоците на плата.

Минатиот четврток, судската администрација најави дека нема да ги работи ниту итните предмети доколку Владата не седне на преговарачка маса со Синдикатот.

– Владата треба да биде свесна дека доколку работната група и после овој протест не седне на маса да преговара, ќе се парализира целото правосудство. Секое понатамошно прологирање и избегнување на решение ќе предизвика дополнителен гнев кај штрајкувачите, а за последиците од тој гнев нема да биде одговорен Синдикатот на УПОЗ, изјави претседателот на УПОЗ Трпе Дејаноски минатиот четврток.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More