13 C
Skopje
Sunday, May 9, 2021

Во велешката болница се намалува бројот на пациенти

Најчитани вести

Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 26 лица, од кои 19 се потврдени позитивни, двајца сомнителени и  пет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 10 пациенти. На Инфективното одделение има 22 пациенти и капацитетот од 54 легла е исполнет помалку од половина. На Интерно Б крак каде се лекуваат пациенти по прележан ковид има четири пациенти, информира портпаролот на болницата д-р Елеонора Јованова.

Еден пациент со потешка болничка слика со амбулантно возило медицинска екипа денеска  итно бил  транспортиран  на Инфективна клиника во Скопје. Д-р Јованова информира дека, пациент со потешка клиничка слика и вчера бил однесен од велешката болница за Инфективна во Скопје,а што е прв случај по подолго време повторно потешките случаи од велешка болница да се препраќаат на Инфективна во Скопје.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести