Home » Во угостителски објекти во Тетово и Охрид затекнати 99 женски лица со нерегулиран престој

Во угостителски објекти во Тетово и Охрид затекнати 99 женски лица со нерегулиран престој

by Журнал

На 04/05.01.2024 година, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со ОСПО, а во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК, по добиени наредби за претрес од Основен кривичен суд, Скопје, извршени се претреси во три угостителски објекти, од кои два на подрачјето на СВР Тетово и еден на подрачјето на Охрид, информираат од МВР.

При спроведените полициски и истражни дејствија во трите угостителски објекти биле затекнати вкупно 99 женски лица со потекло од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Косово, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија, Казахстан и Р. Северна Македонија, кои престојувале спротивно на целта, а пронајдена е една ќеса со прашкаста материја и еден пиштол „Гамо“ калибар 4,5 мм.

Во угостителскиот објект сопственост на И.И.(26), биле затекнати 50 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија и Косово, како и ќеса со дрога, а исто така биле легитимирани 80 гости. Во угостителскиот објект, сопственост на А.Џ.(26), беа затекнати 36 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија и Северна Македонија, а пронајден е и пиштол, додека легитимирани биле 95 гости во објектот. При претресот извршен во угостителскиот објект во Охрид, сопственост на Х.А.(34), биле затекнати 13 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Казахстан и Северна Македонија, а затекнати и легитимирани биле 47 гости во објектот.

Во однос на затекнатите женски лица кои престојувале спротивно на целта ќе се отпочне со прекршочна постапка пред надлежен суд, а против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се наведува во соопштението на МВР.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk