Home » Во угостителски објект во Прилеп фрлена бомба, СДСМ бара разрешување на началникот и на командирот

Во угостителски објект во Прилеп фрлена бомба, СДСМ бара разрешување на началникот и на командирот

by Журнал.мк

Вчеравечер во угостителски објект во нашиот град беше фрлена бомба која, за среќа, не експлодирала. Точно 16 месеци одговорноста за безбедноста во државата е во рацете на ДПМНЕ и министерот Панче Тошковски, изјави Петра Лукароска, претседателка на ОО СДСМ Прилеп.

„Во тој период во дневните полициски билтени беа регистрирани два инцидента со експлозивни направи, триесетина запалени автомобили, еден опожарен ноќен клуб и недефиниран број на оружени пресметки и насилства во угостителските објекти и градските улици. Прилеп наликува на Дивиот Запад од неговите најславни времиња“, рече таа.

Според неа, официјалните бројки на регистрирани инциденти само го потврдуваат фактот дека власта на ДПМНЕ го направи Прилеп опасно и небезбедно место за живеење.

„Граѓаните се оправдано загрижени за личната безбедност и безбедноста на своите најблиски. Како одговорна политичка партија, СДСМ уште еднаш алармира за сериозноста на проблемот кој и локалната и централната власт упорно го игнорираат. Во таа насока е и нашиот апел до министерот Тошковски, но и до Советот на општина Прилеп: разрешувањето на началникот на ОВР Прилеп, Марјан Станоески и командирот на Полициската станица од општа надлежност, Горан Колонџоски, ќе биде првиот чекор во создавањето услови за нормализирање на безбедносната состојба’, изјави Лукароска.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk