Home » Во Турција се уапсени 6 лица за тероризам, се сомнева дека биле членови на Исламската држава

Во Турција се уапсени 6 лица за тероризам, се сомнева дека биле членови на Исламската држава

by Журнал

Турската антитерористичка полиција во источната провинција Елазиг уапси шестмина осомничени за наводни врски со терористичката група Исламска држава, соопштија денеска безбедносни извори кои побараа да останат анонимни.

Еден од осомничените е ослободен под судски надзор, додека петмина ќе бидат депортирани, јавува Анадолија.

Во 2013 година Турција стана една од првите земји што ја прогласи Исламската држава за терористичка организација.

Оттогаш, терористичката група извршила најмалку 10 самоубиствени напади, седум бомбашки и четири вооружени напади во земјата, при што загинале повеќе од 300 луѓе, а стотици се повредени.

После тоа Турција започна антитерористички операции дома и во странство за да спречи понатамошни напади.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More