Home » Во Турција приведени 33 лица осомничени за шпионажа за израелски Мосад

Во Турција приведени 33 лица осомничени за шпионажа за израелски Мосад

by Журнал

Турските власти приведоа 33 лица осомничени за шпионажа за израелската разузнавачка служба Мосад, јави денеска државната новинска агенција Анадолија, додавајќи дека полицијата трага по уште 13 лица.

Според агенцијата, полицијата извршила симултани рации на 57 локации во осум провинции како дел од истрагата што ја покрена антитерористичкото биро на Обвинителството во Истанбул.

Се верува дека осомничените имале за цел да идентификуваат, набљудуваат, нападнат и киднапираат странски државјани кои живеат во Турција како дел од операцијата „меѓународна шпионажа“, пренесе Анадолија без да наведе извори.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More