Home » Во Тирана, од 7 до 13 април ќе биде одржана „Недела на македонската култура“

Во Тирана, од 7 до 13 април ќе биде одржана „Недела на македонската култура“

by Журнал.мк

Тоа благодарение на залагањата на вршителот на должноста македонски амбасадор, Љуфтим Спахиу, директорката на македонскиот КИЦ, Емилија Попивода и македонски активист Ендрит Фетаху, кои во изминатите денови имаа повеќе средби со албански претставници, од кои е добиена целосна поддршка.

Целта на оваа многу значајна манифестација е промоција на македонската култура, туризам и економија. Меѓу многуте активности во познати објекти во Тирана, како што е и познатата „Пирамида“, ќе има настапи од сферата на културата, промоција на познатото македонско вино и храна, туристички понуди за нашите убавини, кои секој треба да ги види и ќе посака повторно да ги посети. Во овие денови центарот на Тирана, плоштадот „Народни херои“ ќе биде обоен во црвено жолта боја, со илјадниците македонски знамиња, потврдија за МИА од македонската амбасада.

Не го кријат задоволството што наишле на целосна поддршка од соговорниците, меѓу кои и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, заменик градоначалникот Анди Сефери, како и од Министерството за економија, култура и иновации.

Поставивме одличен план за соработка во полето на културата меѓу двете земји, можности за културна размена и соработка меѓу уметниците. Со поддршка на Министерството за култура, економија и туризам во Албанија ја започнуваме организацијата на манифестацијата „Недела на македонската култура во Албанија“. Задоволни сме што градот Тирана ја даде своја поддршка за македонските културни настани, напиша Попивода во објава на социјалните мрежи.

Финансиската конструкција на оваа манифестација е 20 илјади евра, при што 80 отсто од срествата ги обезбедува општина Тирана.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk