Home » Во Тетово недоразбирање за курбаните – и двете муфтиства собираат, граѓаните во дилема

Во Тетово недоразбирање за курбаните – и двете муфтиства собираат, граѓаните во дилема

by Журнал.мк

Недоразбирање меѓу двете муфтиства во Тетово за тоа каде треба да се собираат курбаните што ги оставаат граѓаните. Многу верници во неможност да колат курбан, истиот го праќаат во верската заедница. Но верниците се збунети бидејќи курбаните се собираат на две места, а дилемата е кој е овластен. Муфтијата Ќани Несими вели дека тие се легитимен орган и дека ИВЗ не смее да ги заобиколува.

„Ние сме легитимен орган. Муфтиството, администрацијата и јас сме легитимен орган. Тој кој организира за курбаните, овде ние сме легитимна институција. Ние ќе ги доставиме потоа во ријасетите, ИВЗ има обврска да зборува за плаќање на курбаните, да се достават кај нас. Секако треба да ги достави, не смее да не заобиколи“, порача Ќани Несими.

Но другиот муфтија Селвер Џемаили вели дека ИВЗ ги собира курбаните на коректен начин.

„За што подобра и покоректна организација, ИВЗ испечати како ова што го држам во рака, со шифра и ги распределуваме до медресите, џамиите и нашите муфтиства. Верникот кој одлучил да го плати курбанот во институциите на ИВЗ зема ваков купон, една копија и се дава на странката, а другата останува како доказ каде е даден и се пишуваат имињата. Офва е постапката на собирање на курбаните во ИВЗ на Северна Македонија“, вели Селвер Џемаили.

Инаку цената на еден курбан оваа година во Тетово изнесува 190 евра а ИВЗ ангажираше касапи а потоа месото се дели на сиромашните а дел се чува за потребите на интернатите на верските училишта.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More