Home » Во Струмица се одржа четвртата панел дискусија во рамки на проектот: ,,Зајакнување на идните лидери: Партнерство на алумните и младите за промоција на граѓански вредности”

Во Струмица се одржа четвртата панел дискусија во рамки на проектот: ,,Зајакнување на идните лидери: Партнерство на алумните и младите за промоција на граѓански вредности”

by Журнал.мк

Денес во Младинскиот центар во Струмица се одржа четвртата панел дискусија во рамки на проектот:,,Зајакнување на идните лидери: Партнерство на алумните и младите за промоција на граѓански вредности”.

Нашите панелисти и МААА членови, д-р Берат Дехари, универзитетски професор, г-ѓа Цона Калемерникова, судија во Основниот суд во Струмица се обидоа да одговорат на прашањата на студентите од УГД и средношколците од општина Струмица, меѓу кои: ,,Имаат ли сила младите да се спротивстават на коруптивните практики? Што треба да направиме во рамки на институциите за да го реформираме системот одвнатре?”, а низ дискусијата ги водеше Игор Стојанов, новинар и главен и одговорен уредник на одделот за тв и радио на УГД Штип.

На настанот беа присутни г-от Газменд Иљази од Американската амбасада во Скопје, претседателката на МААА и членот на Извршниот одбор Розита Петринска Лабудовиќ. Благодарност до општина Струмица, нашата МААА членка Натка Јанкова Алаѓозовска и на Младинскиот центар Струмица.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk