Home » Во среда седница за предлозите за државен јавен обвинител и уставен судија

Во среда седница за предлозите за државен јавен обвинител и уставен судија

by Журнал

Првата седница на собранието по изборот на техничката влада во среда меѓу 33-те точки на дневен ред се именувањето на државен обвинител и изборот на уставен судија.

Предлогот Љупчо Коцевски да го наследи Љубомир Јовески е 8ма точка, а за да биде избран потребни се 61 глас. Тој беше еден од тројцата пријавени кандидати за шеф на обвинителството и единствен кој го помина филтерот на Советот на јавните обвинители.

По точката за обвинителот е изборот на професорката Ана Павловска Данева за уставен судија. За разлика од именувње обвинител кое оди диркетно на седница како предлог на Владата, расправата за уставен судија веќе помина во комисијата за избори и именувања со 7 глсаса за и 3 против на опозициската вмро дпмне. Професорката го пополнува последното празно место во Уставен а беше предложена откако пред две неделеи СДСМ го повлече предлогот за Љубомир Јовески предложен пред речиси две години.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk