Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 7.949 пациенти позитивни на коронавирус, а починале уште 22. Тестирани се вкупно 23.278 граѓани.
На респиратори има 81 пациент, а хоспитализирани се 2.221 лице.
Вчера беа регистрирани 7.652 пациенти позитивни на коронавирус.
Србија на 6 јануари го собори рекордот по дневен број на заразени. Тогаш во земјата беа регистрирани 9.122 пациенти позитивни на коронавирус, а починаа 19 лица.