Home » Во Србија продолжува штрајкот на вработените во образованието

Во Србија продолжува штрајкот на вработените во образованието

by Журнал.мк

Репрезентативните синдикати на образованието во Србија денеска продолжуваат со штрајкот, со скратување на наставата на 30 минути во училиштата во управите на Ниш, Крушевац и Лесковац, Заечар и Јагодина, со што се бара подобрување на финансиската состојба на вработените, јави Бета.

Портпаролката на УСПРС, Мирјана Гашиќ, изјави за медиумот дека барањето на синдикатот нивните претставници да присуствуваат на собраниската седница за буџетот за 2025 година е одбиено, од претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ.

Таа рече дека синдикатите побарале нивни претставници да им се обратат на парламентарците на седницата што почнува денеска, а најави дека просветарите ќе им се обратат на новинарите пред Собранието на Србија.

Тие бараат Владата на Србија да го исполни ветувањето од минатогодишниот Протокол и да ја изедначи почетната плата на наставниците со просечната плата во земјата од 1 јануари 2025 година.

Владата понуди покачување од 11 отсто за сите вработени во образованието и еднократна помош од 15,000 динари, како и дополнително зголемување од еден отсто за одделенските раководители.

Минатата недела наставата беше скратена на 30 минути во училиштата на територијата на управата Крагуевац, Краљево, Чачак и Ужице.

Претходната недела, поради истата причина, наставата беше скратена на 30 минути во училишните управи во Нови Сад, Зрењанин, Сомбор и Ваљево, а од 4 до 8 ноември во Белград и Пожаревац.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk