Home » Во Србија пристигна паксловид, најсовремен лек против Ковид-19 одобрен од ЕМА

Во Србија пристигна паксловид, најсовремен лек против Ковид-19 одобрен од ЕМА

by Журнал.мк

Србија е првата земја во континентална Европа која го доби овој лек (во Европа доставен е уште во Обединетото Кралство), десет дена откако ЕМА (Европска агенција за лекови) ја одобри употребата и продажбата на овој лек, соопштија од срспкото Министерсто за здравство.

Европската агенција за лекови на крајот на јануари ја одобри антиковид пилулата од производителот Pfizer, која ќе стане првиот орален антивирусен лек против таа болест одобрен во Европската Унија.

„Паксловид е првиот орален антивирусен лек препорачан во ЕУ за третман на Ковид-19“, се наведува во тогашното соопштение на ЕМА.

Комисија на Министерството за здравство со која претседава проф. д-р Горан Стевановиќ, директор на Клиниката за инфективни болести, направи дистрибутивна листа врз основа на која лекот ќе се дистрибуира до здравствените установи во Србија.

Паксловид е антивирусен лек кој содржи две компоненти ритонавир и нирматрелвир и е наменет за орална употреба. Индициран е за третман на инфекција со Ковид-19, кај возрасни на кои не им е потребен дополнителен кислород и кои имаат зголемен ризик од прогресија во тешка форма на болеста. Употреба на лекот се препорачува да започне во првите пет дена по појава на симптомите, се наведува во соопштението кое го пренесе РТС.

Србија на крајот на минатата година беше меѓу првите, заедно со Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство, што потпиша договор со претставници на компанијата Pfizer за купување на најдобриот лек против коронавирус, кој го намалува ризикот од хоспитализација и тешки болести и до 89%.

По тој повод, министерот за здравство, д-р Златибор Лончар, истакна дека вакцината останува основно оружје во борбата против вирусот, а дека лекот паксловид е дополнителен напор на државата за зачувување на здравјето на граѓаните.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More