Во сообраќајка животот го загуби 49 годишник од Тетово, сопругата тешко повредена по излетување на нивното возило на патот Маврово-Дебар.
,,Денес (06.04.2025 година) во 17:50 часот во Полициско одделение Ростуше било пријавено дека на регионален пат Маврово -Дебар поточно во местото викано Скудрински мост, патничко возило ,,Ланд Ровер” со тетовски регистерски таблици излетал од пат и на лице место починал возачот Ш.С.(49) од Тетово, кој се здобил со тешки телесни повреди и на лице место им подлегнал на повредите, додека сопатничката негова сопруга А.С.(47) се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство до јавен обвинител”, информира СВР Тетово.