Home » Во сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник и директор на затворот „Идризово“

Во сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник и директор на затворот „Идризово“

by Журнал.мк

На 61-годишна возраст, денеска во сообраќајна незгода загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“.

Пејковски беше пратеник во еден мандат, а потоа ја извршуваше функцијата директор на затворот „Идризово“.

Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните мрежи.

Телото на Пејковски ќе биде изложено во капелата во Демир Хисар утре (сабота) во 11:00 часот, а погребот ќе биде во 13:00 часот на градските гробишта во Демир Хисар.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk