Home » Во Словенија регистрирани првите три случаи на вирусот Западен Нил

Во Словенија регистрирани првите три случаи на вирусот Западен Нил

by Журнал.мк

Првите три случаи на инфекција со вирусот Западен Нил годинава се потврдени во Словенија, соопшти Националниот институт за јавно здравје, а сите три случаи на инфекција се потврдени во североисточниот дел на Словенија, во Помурје и Подравље.

Вирусот е откриен во 1937 година во северозападна Уганда. Во минатото со него имаше зарази и во Словенија. Така, во 2013 и 2017 година е евидентиран по еден случај, а во 2018 година пет од нив, jaви СТА.

Годинава, веќе на почетокот на сезоната, заразени се регистрирани во некои земји од ЕУ, меѓу кои и Хрватска. Заразени има и во Италија, Австрија, Унгарија, Шпанија, Франција, Бугарија, Германија и Романија, како и во Србија, Албанија и Косово

Вирусот на Западен Нил се пренесува преку комарци.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More