Home » Во следните 24 часа пообилни врнежи од дожд

Во следните 24 часа пообилни врнежи од дожд

by Журнал.мк

Синоптичарите најавуваат дека во следните 24 часа не очекуваат пообилни врнежи од дожд и тоа прво на западот, а потоа и на целата територија на државата. На одредени места се очекува врнежите да бидат и над 40 милиметри, известуваат од УХМР.

Оттаму предупредуваат дека, доколку овие врнежи се со голем интензитет и за кратко време паднат на одредени помали сливни површини, во текот на ноќта и утрото можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на нивните води кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како покрај водотекот така и на патната инфраструктура која е во негова близина. На одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони. Во одредени градски населби поради истечни и канализациски води можна е појава на локални комунални проблеми.

– Соодветно резултатите што ги добиваме од моделите врнежи ќе има на целата територија на државата. Поголема внимателност генерално е потребна на западот, југозападот, северот, североистокот и истокот на Македонија, како и во одредени централни делови од државата соодветно прикажани на слика 1, посочуваат од УХМР.

Други модели, велат од УХМР, покажуваат големи врнежи на западот и на истокот на државата и врнежи со поголем интензитет во одредени делови на истокот на Македонија, соодветно прикажани на слика 2.

Синоптичарите истакнуваат дека генерално водотеците низ државата се со ниски и потпросечни протекувања за овој дел од годината, но секако треба да се внимава кај помалите водотеци во прикажаните делови од државата.

– Поради погоре прикажаното препорачуваме внимателно движење покрај реките и суводолиците поради можна појава на опасни води и свлечишта, препорачуваат од УХМР.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More